Таа ноќ, под небото извезано со јадри ѕвезди, пригушнати едно до друго, ние тогаш деца, првпат одлачени од од мајчиниот скут, таму на таа лединка тивко липавме и во нашите солзи се давеше полната месечина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш детето сфатило дека најсилна е работата на човекот, таа е посилна и од сонцето, од облакот, од ветрот и од карпата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па тогаш деца, да си признаеме сите чесно: на мајките наши не им е лесно, не им е лесно!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)