И тотаму тогаш мајка и на Нешка се стори пред него и го откина од овие две разбеснети страчки, ги напади далеку, а страчето што беше го фатил му го врза за нога со едно сиџимче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во тој разговор тогаш мајка ми му рече на татка дека со години, како млада снаа, од големата маса за ручек и за вечера на која јадело семејството, таа станувала гладна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш мајка ми му рече...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Но, тогаш мајката нешто се премисли.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дури тогаш мајка ми не знаела каков чекор да преземе, што да направи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако не заминеш, брате, тогаш Мајка нека биде меѓу двете семејства. Така се согласија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тогаш Мајка се сврте, како да сакаше да види друг родител, зашто не веруваше дека се зборува за нејзиниот син, за неа. Но брзо се созеде.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш Мајка ја опфаќаше тивка возбуда, затреперуваше нешто во длабочините на нејзината душа, пламнуваше сеќавањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш Мајка ми пријде, го зеде учебникот по француски и започна да чита на убав, јасен француски јазик, многу, многу подобро од нашата наставничка по француски.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)