Во спротивно, ако сериозноста е настап, изведба, и ако тоа што нешто се доживува како настап значи дека не се сфаќа сериозно, тогаш машката геј-култура има целосно право сериозното да го преиначи во тривијално, да го исмева она што важи за сериозно – да му се подбива на она што постигнува сериозност со самата извонредност и свеченост на изведбата.222
И навистина, што може да биде посоодветно, пореалистично за несериозен третман, за исмевање од непријателски устроените и неменливи стварности на општествениот свет, дури или особено кога се ужасни и трагични, кога се прашања на живот и смрт – и кога ви се случуваат вам?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)