И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А да знаеш само каде сме вечерале. Знаеш тето, го одржав ветувањето кое го дадов тогаш дека ако поминам низ Нови Сад ... - Знам, - ја прекина Јана - Петроварадинската Тврдина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Како што не знаев тогаш дека ќе биде убиен оној хирург што го донесов да му помогне на илегалецот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Не претпоставувал тогаш дека ќе дојде време да се водат вакви кавги за него... - Интереси... - рече полковникот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Последен пат бевме заедно некаде во октомври, зар помислив тогаш дека тоа ни е последниот пат во Маврово…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Бев во Париз, со мајка ми, бевме во Турција лани на летување сите четворица, отидовме есента со татко ми и мајка ми во Атина, а сега, пред неколку дена, се вратив од Лондон.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ни на сон не ќе можев да поверувам тогаш дека за сосема кусо време толку многу ќе пропатувам и ќе видам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кој знаеше тогаш дека кожата му била со две лица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми велеше тогаш дека ќе правиш поплаки, ами отепа толку мои луѓе? Гледаш?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не знаев јас тогаш дека и тој минал тука, некаде во мислите мои само заборав од детството спиеше, жедно чекајки да биде пронајден како богатсво неизмерно, како чувар на борбеност а и традиција на оваа земја, тој се криеше.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)