Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Што гледаме ние во најновата бугарска историја? Бугарија добива политичка слобода, најважното нешто во народниот живот, уште тогаш кога кај нив немаше народни идеали, кога и самите не знаеја што сакаат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)