токму (прил.) - неа (зам.)

На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во полумракот го гледа нејзиното огрдено лице и си мисли: - Колку е добра и мирна и зошто ли токму неа ја погоди шрапнел и толку лошо ѝ го огрди лицето?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Никогаш песните на Анте Поповски не примиле толкава слабост, но и не покажале толкава доблест достојно да ја признаат и пречекаат, токму неа, слабоста што нѐ прави исти и еднакви со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знам дека многумина од вас ми пцујат мајка зашто од одличната сцена на бивша Југославија токму неа ја одбирам за мојава ин мемориам колумна ама верувам дека Брена си го заслужува своето место во овој напис.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Татко ми, пак ја дочитуваше токму неа и воодушевен, одвреме – навреме на глас нѝ читаше по некое парче или нѝ раскажуваше дел од содржината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од таа навика никако не може да се ослободи, а и не сака, зашто ужива да ги споделува со нас своите читања, што особено го нервира брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како токму неа ја одбра? Ја најде?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А сега требаше токму неа да ја спасам. Јас да ѝ помогнам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И се врати апетитот, си помислив, ќе биде добро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Зар таа не сакаше, спомнувајќи ја стијата и злото, да ми наговести трагичен завршеток, грозен крај, за кој веруваше дека се случил, кој најмногу токму неа ја имаше погодено; па сепак, иако ваквиот грозен крај го најавуваше како сомнение па дури и како доживеана болка, таа не беше спремна да го прифати а уште помалку да го смести помеѓу грдите и непријатни искуства!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали сепак токму сомневањата од ваков вид за судбината на таткото на Иван не беа причина да го избегнува јасниот одговор?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И за нив и за себе...  Доцна вечерта, некаде по девет часот, допирајќи се со лактите и одвреме-навреме, кога завлегуваа во мракот на сокакот и фаќајќи се дискретно за рака, Јехуда Давидовиќ ја допратуваше Алегра кон дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оттаму се смее мојата сестра со искрена и добронамерна смеа, ако токму неа, не успеав да ја врзам во брачни врски, како ни себе си; за неа само еден Господ знае зошто, за себе знам: имав добар избраник, немав асална цасаментера, не бидува сам да си шадхан за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги најде седнати и молкнати, една до друга на одарчето, загледани во вратата чиниш одамна ја очекуваат токму неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нема пристап. Ја нема улицата што водеше до болницата. Токму неа ја бараме – болницата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Професорката ја гледаше токму неа, право в очи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Николај Васиљевич Гогољ - за овој автор, доволно е да се отвори учебникот и да се прочитаат сите биографски податоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во нашиот избор, Гогољ, Н. В. е застапен со извадок од “Повеста за тоа, како се скараа Иван Иванович и Иван Никифорович” од својата збирка “Миргород”, повест вредна за спомен со својата ведрина, квалитети и со влијанието што го имаше врз (најмалку) В.В. Проп, кој ја одбра токму неа за приказ и разработка на проблемот на комиката на сличности и на разлики во своите “Проблеми на комиката и на смеата”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)