Токму ваков Делчев остана и во споменот на народот, поради што за него се испеани и најмногу и најдобрите македонски револуционерни народни песни, во кои македонското национално обележје е особено потенцирано.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се обиде да истисне малку сеќавање од детството што би му кажало дали Лондон отсекогаш бил токму ваков.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Токму ваквата перспектива на перцепирање на светот, токму ваквото свето видување на случувањата, е агол од кој авторот го следи “воинственото” патување на двајцата јунаци.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ги предаваме токму ваквите различни “јазици” (кои, пак велам, реферираат на нашите дилеми и недоумици) можеби со една иронична цел: јазикот на кој се формулира проблемот веќе е почеток на решавањето, и во таа смисла, секој може да го одбере својот начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Беше крајот на јануари и тој отсекогаш знаел дека то со волците морало да биде токму вакво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Дали токму ваквите збунувачки размисли што не знам од каде наидоа утринава, ја спречија твојата насмевка да се појави на моето лице?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И уште нешто: дали животот на мајка ми всушност претставувал едно вечно секојдневно заминување во се подлабока самотија?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Сакав да имам синче. Токму вакво, како твоето! Но не од секого. Туку од прв човек помеѓу другите. Од јунак“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А потоа, неочекувано се сврте кон мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега одговорно можам да тврдам дека токму ваквиот развој на настаните ме поттикна да пристапам кон извршувањето на она што од поодамна беше одлучено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сакам да речам дека Роман Гигов Грофот беше клучната личност без чија помош егзекуцијата тешко ќе ја извршев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но што да ви правиме ако не верувате дека е токму ваков?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Како што врват работите, некому му годи да биде токму ваква.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но се покажа дека токму ваквото однесување на татко ти најмногу му се допаѓаше на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Првото што го замрази кај него покрај потењето беше токму ваквиот начин на однесување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби токму ваквите размиси ја поттикнаа кај него желбата да ги смисли оние неколку реченици што требаше да се престорат писмо...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Можеби заради тоа што никогаш до сега не бил 19 октомври, токму оваа година, а сега е, и тоа е така; можеби затоа што овој датум значи повеќе отколку било кој друг датум во историјата; затоа што е оваа година токму ваква каква што е, во сиот свет, и токму затоа е ова крајот.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)