Неда како срна отрча дома и на прашањето од мајка ѝ засрамено одговори: — Си дошле, в река да појдат обата, токо лели се арамии, неоти ногу ќе седат!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Шест месеци за 50 гроша треба да страда неговото деветгодишно дете на Чолаковата колиба по Сињак и Опстреница, ама му ги фатил камен нозете и ќе кандиса, па затоа рече: — Таа се виде оти нема одборчуање, шо нема, и оти детето ќе ми трга мака, токо лели така, ќе ми придадиш ошче половина лира и 1 рало бијалци за него, та ете ти го на бог душа! Шо знајш прави му.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нека ви го берат греот тиа шо ве подлагаа и шо ќе ве лажат и натака! — се збогува Толе со својата „престолница" — Градешница — и со своите „поданици" мариовци, та тргна со четата на север, за да ја поварди главата уште некој и друг ден.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Реку да ве куртулам и од едните и од другите, а најногу од Турците, токо лели си и сакате вие — ќердосате си и сете.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)