толку (прил.) - знае (гл.)

Најстина, да има нешчо сукнатко и тоа не е лошо, токо, срчка ќе а јаде, нека си готве одутре сама, нека треска! Јас толку знам, толку права!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само толку знаев или само толку ми кажале за Стефана, таткото на Спиродона, мојот дедо.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ете толку знам, господине судија. И, се разбира, зарем има потреба да кажам: не се чувствувам виновна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За таа одаја толку, о благоутробни, бедни или блажени духом, оти толку знам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку знам сега, Силјане, толку ти велам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нема ни потежок, вистина, но нема ни поблаг. Јас толку знаев, толку ти кажав“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Барем јас за толку знам. Ти ако сакаш нешто додатно да му објаснуваш, ќе дадеш барем уште толку. Или моли го господ. Кај него е џабе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се разделивме и само толку знам за моето второ дете, а за сите три – ништо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Е, па ти, сум му кажал... Толку знам, толку кажав – рече со тон на разочарасност и, клинкајќи, си отиде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Затоа ти толку знаеш, - растегнато рече Ангеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Толку знаат, му велам да знаат повеќе и за нив ќе биде подобро. Тие не знаат што да сакаат, велам. Тие никого не сакаат, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Бре? - Бре, не бре, вели, толку знам, толку ти кажувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)