- Немој да ми кажеш дека песнава толку те растажи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И верувај, Симке, толку те имам на ум: дење-ноќе сон не ме фаќа, се за тебе мислам!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Милувам, за љубов да ми зборуваш - да ја имам и да ми ја даруваш!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Моето свилено шамивче кое тебе, знам, толку те восхитува, би било денеска од друг материјал, а не од свила, која оттогаш, заедно со други стоки, се внесува од исток.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И се чудев - што кошмариште било, та толку те измачувало?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Бабата: Што толку те мачи таа Грета?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ја видов пред три дена и изгледаше одлично, проклета да е!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Толку те завиткале во гипс што не можеш да си го најдеш... - За да мочам, ами камо за друго, а?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Успеав нагло да свртам и во тој миг камионот удри во џипот, ама странично. Јас останав закован за воланот...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гласот на мама: Вознемирена сум. Гласот на тато: Што толку те вознемирува?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Секој ден исто прашање. Што толку те интересира, синко?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Потстана и Бојка. - Божем некоја случајна гостинка, и тоа в бело, а тебе толку те вознемири! - рече таа, но мене не ми беше јасно дали станува збор за прашање или за прекор.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)