Но, колку лежарно делуваше неговото однесување не само со најблиските,туку и со непознатите, толку тој беше цврст и непомирлив во својата платонистичка убеденост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Им се чинеше дека колку тие него не го гледаат толку тој може да забележи и дали нешто на лицата им трепнало.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И сега, колку што се усложнува проблемот, толку тој се поедноставува.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Голем дел од отворено геј-тематизираната култура што се појави по Стоунвол и понатаму ги има истите револуционерни цели на геј-ослободувањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
До колку хетеросексуалната желба се доближува до општествената дефиниција и до идеалот на нормалноста, до толку тој престанува да ѝ се наметнува на свеста на хетеросексуалците како мистерија што треба да се разјасни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, исто така, ме побудуваа и шокот и разочараноста поради тоа што револуционерното движење на сексуалното ослободување и на политичкото бунтовништво слегнале и станале помирлив, во суштина конзервативен облик на идентитетска политика што не се стреми толку да го смени светот колку што сака да си заграби поголемо парче од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја усвоиле и хетеросексуалната етика на еротското осиромашување, која лобира во корист на благотворноста на одрекувањето од сексуалното уживање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Луѓето подаруваат онолку колку што можат, колку што имаат, но подарокот најчесто не се цени по тоа толку тој е скап, туку по тоа со какви чувства, со какво срце е подарен.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)