толку (прил.) - во (предл.)

Мислам дека моќта на телото не е толку во неговото смислено делување - тука лесно можеме да го сфатиме како орудие на духот приклонето кон волјата - колку во неговиот еротски живот, во трпењето, т.е. во неговата способност да перципира, реципира, да им се прилагодува и да инкорпорира други тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се менуваат сфаќањата и согледбите за телото, она што им го припишуваме на телото и на духот што во него делува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Колку што кривите ноџиња му се куси толку во рамењата е широк.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, да го заклучам овој прилог за македонскиот случај од крајот на дваесетиот век: Посебно македонска црта во борбата меѓу доминантните концепции за национална култура, пак е замената на политичкиот аргумент со културниот, и оттаму падот не толку во културната и политичка психологија на раниот деветнаесети век, колку во неговото наличје.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потоа, да се направи сосем мал проспект (околу три страници, на сите јазици) - во овој проспект би ги наброиле доблестите на дадаистот: со еден збор, инсигнијата за еден долар или приближно толку во другите валути би ја купувале луѓето од сите земји - чинот на купувањето на оваа инсигнија купувачот би го посветил како дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кој може да знае зошто курблата нему му стана толку мнтересна за толку во неа да се загледа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Колку што тешко сфаќав, толку во тоа ми одмагаше моето неверување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
МИШКО: Таткото Дима некогаш рекол дека никој не е толку во право како жената која ја љубиме па макар била и нашата родена мајка.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не беше толку во прашање некаква тапост на самиот универзитетски живот, колку тоа што, благодарение на сите тие алтернативни информации и сознанија за животот на социјалното дно кои вешто се инфилтрираа низ бршленовите огради, почнувавме да стекнуваме осет за останатиот џагорлив надворешен свет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така, на последната турнеја во два града во Србија и во исто толку во Бугарија, кога и реков на колегите од театрите дека им завидувам оти имаат постојано затоплени сали, па не водат грижа за тоа колку салонот за публиката е затоплен, односно колку е затоплена сцената местото каде артистите треба да ги реализираат научените сценски креации, се зачудија. Зошто се зачудија?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак лицето на оној што молчел помеѓу треварите останало нејасно. Не толку во цртите колку во намерите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЗА ЧУВСТВОТО НА ФАНТАСТИЧНОТО (фрагмент)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
(...) Вистинската фантастичност не се состои толку во строго прераскажаните околности колку во одекнувањето на отчукувањата, ненадејните удари на срцето нам непознато, поредок што секој момент може да нѐ искористи за некој од своите мозаици, исфрлајќи нѐ од здодевноста, е затоа за да ни турне молив или длето во рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговите математички трудови толку во моментов му го огадија сликарството што тој не сака ни да го види кистот.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Вистинската мистерија не е толку во оваа пита со пиле, туку во зборот тикуш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас овој збор со значење на пита не го најдов ниту во еден речник од оние со кои располагам, го нема ниту во гастрономски енциклопедии, ниту во стари и нови арапски, персиски, старотурски и турски речници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа влијание е на прв поглед невидливо зашто се остварува извонредно суптилно и не толку во сферата на стилот кој Чинго, веќе покажавме, го гради врз нашата автентична говорно-фолклорна градиција, туку во доменот на емотивното и поетското, во самата поетика на Чинговата проза.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој Хајдегеровата идеја за Sprache, за оригиналноста на јазикот, неговата поетска природа, ја сфаќа не толку во нејзиниот v�lkisch- es карактер, нејзиниот национален карактер, туку повеќе низ способноста да генерира нови метафори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тогаш многумина се прашуваа, но никој не разбираше и дознаваше зошто сум се внел толку во јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од 1960 г. кога Поп Арт- от прв пат се појави во Њујорк, овдешната уметничка сцена беше толку во тој фазон, што дури и тврдоглавите европјани мораа да признаат дека сме дел од светската култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Очите му беа сини, длабоки и продорни, а погледот му стасуваше илјадници, милиони години во минатото и исто толку во иднината.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како го ставија толку в раце – не знам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаев дека таков нарцисоиден Егоманијак нема шанси да се самоубие, иако на моменти паднав толку во искушение, па речиси ќе си направев грев на душата, па ќе посакав вистински да го стори тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Според тоа, учеството на македонското население во врховистичкото востание не се изразило толку во вид на некакво свесно и доброволно приклучување кон врховистичките чети, туку во вид на отпор и одбрана од нападите78.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа биле народни пари и еден Мече, кој се одликувал со високи морално-револуционерни квалитети, не можел така лесно да ги даде, па дури и на еден Сарафов, кој толку во минатото ги имал задолжено.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)