Ако ви речам дека Роланд, последната љубов на мојот живот, но секако не и првата (а сега се прашувате од каде, пак, сум сигурна дека е последна) беше едно толку благородно човечко суштество, што целата своја љубов ја даваше на други и ништо не остануваше за него, дури дотолку немаше разбирање за себе и за своите потреби што не можеше да види во што се претвори на крајот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Нема толку прочистувачки зборови коишто од политички цемент би направиле аполитична неутралност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како човек со толку благородно срце беше подготвен да убива без страв?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И исто така нема толку благородни за од лажна да направат вистинска свеченост.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обидете се што подобро и поубаво да проживеете во ова наше семејство, кое толку благородно и највредно во себе ги одгледува љубовта и другарството...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)