- Што ти е тебе, Никола? Што си толку весел? - праша еден кукушанец.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Мислам дека одамна не те имав видено толку весел.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Седев и гледав како сонцето се пробива низ гранките и одблеснува во водата, толку весела, толку жуборлива.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А мајка ми, она прекрасно претпладне на Прочка го беше исполнила со толку весела раздвиженост и со толкава радост... иако таквото нејзино однесување било изнудено, водено од желбата да оздрави.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Глупави потоци, глупава водо, и шумо, и птици глупави, што се радувате, што сте толку весели, знаете ли вие што ѝ се случува на мојата Мила? – им зборував во себе. – Мила моја, не смееш да ме напуштиш – ја молев по којзнае кој пат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ЕВТО: (На Михајло) Што си ти толку весел ко да си нашол ноже?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)