Секогаш подмолниот Арсо Арнаутче доаѓал на прсти и бил без оние извалкани крпи врз окото, сега со некаква бела превивка што можела да претставува повеќе контички украс отколку заштита на рана од јатаган.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ех каква радост! Каква игра! Со години децата не биле толку возбудени.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Едо беше толку возбуден од тоа што себеси се најде во телефонската книга на Сан Диего и задоволен со тоа што најде блок каков што несвесно барал можеби сиве овие години откако не пишува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се исправил во чиста кошула без една јама, не толку возбуден колку сигурен во машката намера; нечујно ѝ пришол како да не ја допирал земјата со опинците - Фиданка Кукникова не го забележала зашто и со воздишки и со мисли била свртена кон трепетливите далечини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Логички, не можев да објаснам, зошто јас, виенски студент, најперспективен адвокат во градот, бев толку возбуден од средбата со младиот часовничар, човек далечен на мојот свет.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)