Сега веќе не се ни сеќаваше за што зборуваа, само знаеше дека поради некоја причина мораше да се наведнува и секој збор да му го шепоти на уво, иако музиката не беше толку гласна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сликата на залутаниот воз е толку дречлива, настанот толку гласен, што и самиот се прашувам дали вреди да замижам откако ќе ги затнам ушите!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Потем, полека се наведна и нежно ѝ ги допре меките усни што в час му исшепотеа толку многу љубов од којашто како да настапи едно бесконечно радосно лебдење во простори каде што тревјето беа бујни, дрвјата расцутени и сè толку разно бојно, што луѓето изгледаа среќни поради толку гласната смеа на сите деца на светот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)