Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша. Со пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѕвончињата под нозете беа толку густи што му беше неможно да не гази по нив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа е затоа што се честичките толку густо распоредени што нашите тактилни нерви ги чувствуваат како целина.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Зошто толку густа магла.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така сѐ си се слева во некои мрморливи корита, од испишана хартија направени бродчиња што полека се натопуваат и тонат, додека мастилото се разлева, буква по буква...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Призрак чита: „... Толку густа шума што таму гнијат сенките...“
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Си мислев убаво девојче сум, сите тоа го знаеја, убаво се облекував, имав убава коса, ќе ја заплетев на две плетенки и ќе ги замотав околу темето, беше толку густа, небаре шубара да имав.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)