Бидејќи урбаниот простор е толку заситен со пораки од културата и доминантните идеологии, јас сакав да создадам еден друг простор“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
“141 141 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 112 Проблематизирањето на културните и материјалните вредности, конвенции и авторитети што го прави Димитријевиќ, неговото славење на важноста на обичното и занемареното, е присутно и во неговото тактичко користење на инструментите на историското сеќавање/глорификација: споменици (Дејвид Харпер, Лондон, 1972 година; Обелиск од онаа страна на историјата – 10 метарски споменик од карарски мермер во слава на 11 март, датум случајно избран од страна на случаен минувач), плакети (со натписи како што се Џон Фостер живеел тука од 1961 до 1968; Ова би можело да биде место од историско значење), бисти, улични знаци, листи на случајно избрани имиња итн., во чест на непознати личности и настани: „Сакав да направам пресврт во значењето...
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Можеби нема ништо многу мистериозно во процесот преку кој еден таков објект станува сврзан со конкретен сексуален и родов стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие се, очигледно, толку заситени со женствени значења и толку упатуваат на сексуална пасивност, што доволно е да си ставите едно во бањата за да се разбие секоја и секаква претензија на вистинска мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе видовме еден пример: нема ништо неутрално (или среднородно), изгледа, во „златни тацнички со куп шарени топчиња сапун“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Она што се обидов да го направам, накратко, е да понудам концепциски модел за разбирање на комплексниот сооднос на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и културните практики и за реконституирање на општествената логика што го проткајува.
17 ЗНАЧЕЊЕТО НА СТИЛОТ
Не е некое изненадување што жанровите на дискурсот и чувствувањето, како и стиловите на личното изразување, излегуваат кодирани за род и сексуалност, кога речиси сите културни предмети се интонирани со слични видови значење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)