Едо не паметеше од кога не се почувствувал толку лесен и полетен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Колку што мене ми беше лесно со него, да даде господ, толку лесен да му биде животот“, повторуваше мајка му Ица и истовремено се сеќаваше на својот премолчено уште сакан љубовник Дракче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Така сега, кога мајка му му рече дека пеперутки ќе се собираат на него, се почувствува толку лесен што му се пристори дека тие можат да го кренат и да го понесат во убавините на нивните бои.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трајко беше сигурен дека ќе го совлада стражарот, но не претполагаше дека тоа ќе биде толку лесна работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој, со гулабот на главата, одеднаш се почувствува толку лесен што му се чинеше дека штом гулабот ќе замавта со крилата, тој ќе може да се крене по него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)