Толку мокар од мака
што насетувам воспаление
на сѐ живо во мене и киснам сѐ уште.
Малку е да се рече епски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мојата торба оставена на улица
искисна како внатрешниот багаж
кој е толку мокар
што тоа станува негова differentia specifica.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)