Додека патував низ Македонија во мојата глава ми брмчеа следниве стихови на Волтер Скот: Живее ли човек со душа толку мртва, та никогаш да не си рекол во себе: Ова е мојата сопствена родна земја.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Напати ќе ја прекинат песната и ќе речат: — Можеби не чини пред толку мртви да пееме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еден од моите колеги ми го даде капутот да му го закачам и кога се свртев го слушнав како тивко ѝ кажа на една од моите колешки "Викторија ама се здебелила".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кожата што се наѕира под влакната малку потемнела од сонцето и не изгледа толку мртва како она голо парче што му зрачи под сплоснатиот тил.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Чувстуваше неподнослив товар од страшна одговорност, каква што никогаш дотогаш не му се стоварила на плеќи, па се притегна да постигне барем таква присебност колку да биде исто толку мртов, а не само лажно ладен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Шокот и тагата од смртта на милениците постепено беа заменети со загриженоста што да се прави со толку мртви пингвини.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)