Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс го чуваа од згаснување тивкиот оган на кој се грее душата, за сите нас во Гнездо траеше колку цел еден живот; како сите ние по цели еони ледено доба да почувствувавме дека душите одново нешто ни ги стоплува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оваа мала просторија, толку обична и толку набиена, забележува тој со некое меланхолично задоволство, овој лифт ги има во себе сите: простор, време, причина, движење, величина, класа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)