И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Макар што му беше чуден и не толку разбирлив стилот на Горски, сепак Дримски покажуваше барем навидум особена доза на внимание додека го слушаше како зборува: - Историјата не нѐ милувала многу во минатото, но, и географијата не ни била дарежлива.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Бевме пријатели и сакав да бидам уверлив на еден начин да го ослободам од присокриениот очај, за мене не толку разбирлив, далечен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)