- Имам и јас – додаке мајка ми и ми се стори оти сето тоа треба да значи дека сум ја прокоцкала нивната доверба.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Имам доверба во Бреза, таа е толку сериозна и снаодлива, толку сум сигурна кога е Дена со неа – се правдаше тетка Оце.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дури го испланирав Велигден, бидејќи се ближеше.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сепак, во ниту еден момент не помисливме дека е таа толку сериозна и решена да го направи тоа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Затоа, оној вид трагедија на која мелодрамата ѝ дала нов облик и нов живот била деградирана, второкласен вид на трагедија, соодветен за прикажување на животите на тие што биле неподобни за автентичната трагична сцена бидејќи, како домаќинки, банкари и клерици, не биле баш дораснати за класични јунаци.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата ги зела нивните општествени, финансиски и брачни преокупации како поаѓалиште за прикажување емоции што биле еднакво екстремни како оние од класичната трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа била трагедија за средните сталежи.
Но, оваа демократизација си имала и своја општествена цена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто жените, очигледно, не се толку сериозни како мажите, а средните сталежи не се толку достоинствени како елитата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи нашиот читателски интерес целосно се насочува токму кон проблемскиот или провокативен корпус што ваквите стручни книги задолжително го промовираат, авторите што истиот тој корпус него внимателно го истражиле (за да ни го олеснат пристапот до неговата загадочност) како да ги маргинализираме: за нас, тие како да стануваа вторична појава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Благодарение на таквиот великодушен гест, јас се почувствував избрана за една од првите, оттука и привилегираните читателки на најновата и засега последна епизода од книжевната серија што толку настојчиво, но и со толку сериозни и автентични причини самиот ја имаш именувано како Балканска сага. Mислам дека нејзиното објавување го следам од самиот почеток, од романот Татковите книги (објавен во 1992 година), кон кој останав и останувам трајно приврзана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Те читав, се разбира, и пред да ме воведеш во чудниот свет на Татковата библиотека, Твојот интимен еквивалент на онаа митска Вавилонска библиотека на Борхес, но Твоите поранешни книги ги следев повеќе од професионален отколку од читателски интерес.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога Рабле и Волтер сакале да и се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во едниот ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога Рабле и Волтер сакале да ѝ се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во едниот, ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)