„Не се надминуваат само границите меѓу народите, земјите, јазиците, туку и отпорот на духот и материјата”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јававме по една присоина обрасната со папрат. Патеката беше тесна, толку тесна што на неа не можеа да се разминат ни двајца пешаци, а камоли коњи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
На нив си буквално приклучен (connected), што значи дека на некој начин живееш и создаваш преку нив, а таа врска е толку тесна што при тоа попрво се појавува краток спој (кога еднакво се приклучува на еднакво), отколку некоја по раниот Karl Marx тематизирана отуѓеност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ќе го натерам да истрча од својата несреќа; ќе му помогнам да се растури по паркчето; речиси не постои добиче што не ја почитува тревата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помислив: ќе се втурнам по неа, а потоа и со нозе, и со раце, ќе го подбркам тој несреќен добиток којзнае како напикан во толку тесна просторија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Низ нерамниот предел вијугаше тесен пат, толку тесен да не може човек да се размине.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Меѓусебните проникнувања никогаш не биле поголеми, а непречениот развиток на идеите толку општ, соработката меѓу центрите на творештвото во Европа толку тесна и нераздвојна” (Бруно Томас во каталогот на изложбата “Триумф на маниризмот”, Амстердам 1955). Maniera во Европа меѓу 1550 и 1650, и помеѓу 1890 и 1950, поттикната од толку повеќеликата и сестрано доживеана Идеја, сите нови уметнички форми ги обликуваше во украси, покуќнина, облека, направи, прибор, чинии и чаши, керамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)