Сепак, прегратката на „големиот код” не е толку цврста како порано, па оттаму мораме да нагаѓаме кога станува збор за нашите односи со сексуалниот партнер, со децата, родителите, носејќи ја тежината на одговорноста како нештата ќе испаднат. 70 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дождот ништо не навлажнил, ни едно прсте. Земјата беше сува и цврста, толку цврста што изгледаше како никогаш да не била копана.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нежни во ставата, во насмевката, во говорот, а толку цврсти во своите намери, во уверувањата, во постапките.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Беа цврсти заби, толку цврсти не можат ни да бидат замислени кај еден таков парталав створ, удираа еден во друг во една морничава стрвност, а до него сега беше чујно дури и нивното крцкање.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Хиерархијата на вредности што на светот му ја наметна и ја одржуваше северозападниот дел на европскиот полуостров беше толку цврста, и подржувана од сили што биле толку моќни, што во текот на неколку векови станала основа на светската визија, а не нешто за што отворено се расправало.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Многу луѓе се чувствуваат нелагодно во постмодернитетот обвинувајќи го за нихилистички релативизам.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)