Ете тука, на Градиште, во една спила, како во сандак, десетина метра долг, толку широк и не многу длабок, од памтивек ниту пресушува ните се ислива Градишка Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Камилски најпрвин трагаше по заемките од духовниот живот, по зборовите кои се вкорениле во балканските јазици означувајќи начесто богата гама чувства и појави од животот: среќа, веселба, радост, тага, мака, тегоба, надеж, љубов, копнеж и други состојби на духот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не му беше лесно на Камилски да се справи со толку голем број османотурцизми од толку широки области, голем број со завршена употреба во животот, покрај за секогаш прифатените зборови, или заемките кои служеа и како неодминливи синоними.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Јас имам душа за сите. Толку широка што нѐ оплеменува и обединува за да летаме сите во исто јато.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Поентата, мислам, е добро изнесена, иако консензусот во нејзин прилог не е толку широк колку што јас би сакал да биде. Наместо тоа, сега сакам да изнесам инаква, речиси спротивна поента.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И еднаш, кога ја начека да ја испрати, откри дека нејзината насмевка е толку широка, што дури ги собираше не само неговите досетки туку и неговите лудости.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А потоа, без да седне, ги рашири рацете во исто толку широка насмевка и викна да го слушнат и под балконот: - Ајдете, соберете се да слеземе на плажа, па да се капеме додека папсаме.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Претставуваше машка глава на исто толку широк врат, со капа меѓу офицерска и милициска.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Според изгледот на Иван Никифорович е мошне тешко да се забележи, задоволен ли е тој или се лути; макар и да се израдува на нешто, нема да покаже.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)