толку (прил.) - важно (прил.)

— Шо велите, де? — праша Трајко со треперлив глас и опули во Илка и Доста, мислејќи дека на Стоја и Митра ова не им е толку важно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
“Автобио­графијата” исцело е стар назив со кој се означува едното од така “заложените” тела. 4Но, зошто пишувањето е толку важно?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој е даден со него, со другиот: роден е, како што малку чудно предмалку рековме, за да биде даден, испо­рачан, подарен и едновремено предаден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, името на еден човек не е толку важно за самиот него, колку за другите, затоа тој не се крстува самиот, туку го крстуваат него други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А ако не ги освоиме, зошто е тоа толку важно ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Конечно, зошто е толку важно кој ги изумил авионите ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Одговарав на широко, како да нему му беше толку важно тоа што правам јас.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Низ целиот живот Duchamp себеси повеќе се сметаше за поет отколку сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во секој случај, да се биде поет за него беше барем исто толку важно како и да се биде сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ема сакаше да изглуми дека не го слушна последното или дека за неа тоа не беше толку важно, но челото необично ѝ се избразди, а веднаш потоа се оптегна како излитен појас над нејзините крупни очи, додека по лицето и пролета израз на силна болка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си мислев дека, по некоја логика, тоа “и така натаму” би требало да покрие нешто важно или, можеби, не толку важно, но во кажувањето на Волнаровски трите збора покриваа н-и-ш-т-о.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но сето тоа не е толку важно, важен е големиот балон што е надуен во мене и што ми создава чувство како да лебдам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби во очите на Господ да се биде ѕидар е исто толку важно колку и да се биде поет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вака, кога сите сме си заедно, си се сакаме и не ни е толку важно колку сме сиромашни, дали немаме што да јадеме, дали ќе одиме во диско, или пак во парк.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пријателот се поднасмевна: „Зошто мислиш дека на светот му е толку важно да ја пронајде правдата?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Што толку важно ти се случи, па не дојде?“, ќе праша и веќе следната недела ќе го видиш прв нацртан во дворот на црквата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И тоа атрибутите паѓаат, менливи, во втор ред (дали е beautiful или прекрасно, не е ни толку важно).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во своето последно писмо, од пред неколку дена, ми прати и свежа песна: Пријателе, ноќеска зборува за Југославија и пушев ситно сецкан тутун Херцеговец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога брат ми ќе рече дека не доаѓа со нив, не прават проблем, ама речам ли јас, веднаш ќе почнат со убедувања, па со прашања зошто не сакам да одам, па што е тоа толку важно што би ме задржало во Скопје...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, откако ќе им објаснам, најчесто заклучуваат дека моите образложенија не држат и дека морам да одам со нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
БАРБОШИН: Ама воопшто и не е толку важно: јас секако ќе бидам тука до утре изутрина, и како што се договоривме, ќе крстосувам под вашите прозорци.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Облекувањето компјутерска облека ќе биде во историјата на човештвото исто толку важно, колку што било важно облекувањето во палеолитикот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Производството, понудата и продажбата на „hypertext reality“ опремата, на дигиталните информации ќе биде исто толку важно, колку и производството, понудата и продажбата на храна, метални и рачно изработени производи во феудализмот и продажбата на нафта, електрична енергија и земен гас во индустриското доба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Зборувајќи го ова, Марија гледаше тоа да изгледа како нешто не толку важно, но ете, колку да се разговара.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, тоа за неа и не беше толку важно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И не е тоа чудо: „женствената“ идентификација и фиксацијата со мајката ги будат најзадртите клишеа од поп- психоаналитичката хомофобија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Помага да се објасни постојаната привлечност на утопизмот, како во квир-теоријата така и во лезбејското и во геј-движењето во целина.256 Но, тоа укажува и зошто традиционалната машка геј-култура – која се справува со светот онаков каков што е, со начинот на кој сме живееле и на кој сѐ уште живееме и која не се стреми толку да го смени светот колку што се стреми да им одолее на неговите недела (дури и по цена да излезе реакционерна, а не прогресивна) – им дава толку важно емоционално и политичко средство не само на геј-мажите туку и на многу други инакви видови на општествено дисквалификувани луѓе, барем на оние чие чувство за непоправливата погрешност ги прави готови за неа да ја платат таа болно превисока цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие, на крајот на краиштата, не исчезнале; само не се зборува за нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто е толку важно да се занимаваме со тие несреќни и незгодни прашања на еден отворен и позитивен начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблестен стремеж е тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако она што на крајот го открива културната практика на машката хомосексуалност за природа на машкиот геј-субјективитет е колку многу излегува дека личи на оној куп популарни и псевдонаучни карикатури, воопшто не е никакво изненадување тоа што толкумина геј-мажи не би сакале да имаат ништо со геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зарем е толку важно името, а не тоа што го правевме?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
О, боже, не оти беше толку важно, но мораше некаде лошото да се истури.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Најпосле, зарем за еден мачор името може да биде толку важно?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Најпосле, тоа и не е толку важно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Пред да си легне во новата мајчина прегратка се ракуваше со Јан Фабр од Белгија, кому челото му беше оросено а рацете мраз студени.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Или обратно, не е толку важно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Јадењето не е толку важно, туку дружењето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Она што се случи кај Иван Степанович и не е толку важно, може да попричека“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тоа различно чувствување на иднината и не е толку важно.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сонцето знае да биде толку безобзирно, Сонцето не е ни толку важно.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)