толку (прил.) - доцна (прил.)

Тој првин се радуваше што, според очекувањата, Орденот беше од последниот ред и особено затоа што стигна толку доцна, токму во времето кога Татко го напушти Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку, не прашав за дедо ти. Ме чуди што те пуштил толку доцна?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мочла една! – и ме потчукна по глава додека минував крај него во ходникот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не се враќам толку доцна дома, а поголем сум од тебе цели пет години, не пак ти!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Народот оттука таков бил, ако е некој болен трчаа да му помогнат, на некој ноќе ако му гореше светилката, трчаа да видат зошто седат толку доцна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Наместо да го обрне вниманието на главната точка на работата, тој почна да го распрашува Акакиј Акакиевич: а зошто толку доцна се враќал, да не наминувал и да не посетил тој случајно некоја непристојна куќа, така што Акакиј Акакиевич сосема се засрами и излезе од него и самиот не знаејќи дали прашањето околу шинелот ќе си го добие потребниот тек на работите или не.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Го сторив тоа“, рече Сем. „Отидов до Фрио Сити со таа цел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сигурно си се моткал со некое од девојчињата од Фрио Сити, штом толку доцна се враќаш“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)