толку (прил.) - често (прил.)

Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И ние повторно си спомнуваме за неоплатониците (за кои толку често говорат во контексот на Ботеро), кои го гледаа светот и времето како можна цел на единството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Замижа. Одеднаш се најде во оној дел од родниот град, со темни калдрмени сокачиња, за кој толку често раскажуваше или го опишуваше во писмата до најблиските како магичен амбиент на своето детство.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Зошто тогаш сум толку често немоќна и го мразам белиот мантил?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оваа лага Рада ја повторуваше толку често што и самата почна да верува дека е вистина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Замислувавме, разговарајќи за неа толку често, дека еден ден ќе ни се врати со рогови, веќе станата елен третјак како што ги викавме елените кога ќе дојдеа со полна снага и ќе имаа најмалку по три чатали на роговите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наскоро, луѓето, овие овде, ќе газат по мене, По грешка, сметам, и тоа толку често, што Нема многу да остане од мене. okno.mk | Margina #22 [1995] 51 Јас ќе станам дел од ѕидовите на пештерата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А толку често се случувало и се случува преку денот да изгубам и триж повеќе време, отколку она божем изгубено време наутро заради кое сум го почнал денот толку онерасположен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зошто толку често се фаќам во стапица со мојата искреност?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Двете овчарчиња беа негови другари и од училиште, и од игрите в село, а се среќаваа и во планината, иако не толку често, зашто нивните колиби беа далеку, повеќе од еден час машко одење кон југ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сум јас мала, разбирам дека ти е таква работата, поврзана со одење на странски филмски фестивали, и не се бунам, трпам, те чекам да се вратиш, тешко ми е, ама, што можам кога таква мајка ми се паднала, да мора службено толку често да патува... ... – Е, како често? – ме прекина таа – најмногу два-три пати годишно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, малку ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Марија не престануваше. Плачеше толку често, што изгледаше дека плаче постојано... И дење и ноќе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Не! Помислата беше и премногу примамлива за да биде вистинита - реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Каква е таа гасеница?“ ја бев прашал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН Убаво го чувствувам влечкањето на лепливите нозе на гасеницата што мајка ми толку често ја спомнуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во замолчаноста што настапи по мојата исповед иследникот вниматело ми се обрати: - Но твоето уверување дека Даскалов ти е татко по се изгледа не траеше долго?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не бев спремен да го признаам дури ни тоа дека Даскалов од повеќе причини беше првата а можеби и најголема илузија во однос на татковството што толку често ги преплавуваше моите размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А кога се случи да го одредиш другарот Ѓурчин за можен татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ти знаеш што треба да се биде нормален. Толку често ги кршиш нормите, одлично ги познаваш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сето друго е лага која толку често ја употребувате што веќе ѝ верувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Токму затоа што толку често ми кажувале колку сум никаков во бидувањето геј и колку требало да учам „како да бидам геј“, зборчињава ми имаат толку занимлива сила.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Воспитувајќи ве имено според таквиот модел, вашите родители вам ви го пренесоа најсуштественото: дека единствениот приоритет во секој еден живот не се ниту материјалните вредности (колку и да се тие важни), ниту формалните успеси и таканаречената слава (колку и да е таа заводлива), дури ниту култот на здравјето на кој толку често се повикуваме...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мислам дека е во ред самиот тој да ги решава изненадите што толку често ги создава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Приближно во тоа време тој се чудеше што се случува со лажиците, особено со малите лажички кои толку често му притребуваа бидејќи имаше обичај сам да си вари чај и кафе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сепак, читателот наоѓа поттик да ја следи темата - макар само поради тоа што самиот Бартелми толку често нагласено и експлицитно ни ја покажува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму правдата, овде вистината, не како нешто што постои по себе, туку како она што секогаш одново низ актот на граѓанска храброст треба да му се грабне на конформизмот на општественото средиште коешто без контролата на самостојниот индивидуален увид толку често е спремно на линч и на лекоумно жртвување на невините.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Каљостро, нешто помалку, се толку маркантни и толку често се случуваат мошне бизарни и инвентивни литерарни споеви во нивните дијалози, што богами се создава искрење со прилично креативен набој.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Како можеш, Ивана, така да зборуваш кога толку често има во вестите: - помор на рибите во Вардар, или Пчиња, или во Брегалница - и тоа поради еднократно испуштање на штетни материи од страна на непознат загадувач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вистина ти велам. Ете, од сите луѓе помеѓу Козаците и Русите за тој генерал Јенков најмалку имав слушнато, а сепак ми беше многу драг.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа и ми беше пријатен тој негов Русин, тој генерал, кој никогаш не нѐ посети иако татко ти постојано најавуваше дека сигурно ќе го доведе на оној негов боршч што го спомнуваше толку често, па јас напати и мирисот му го сеќавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ако не бев толку често присутна во неговите празни утра одамна можеше да се случи Ролан да го напушти дуќанот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби ќе си заминеше по патот на неговите желби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)