толку (прил.) - и (чест.)

Сеедно каков пристап ќе избере и сеедно каков метод ќе примени, тешко е да се процени колку е авторот во состојба тоа успешно да го направи кога е во прашање неговото сопствено творештво, притоа да не ги изневери колку основните важечки принципи на теоретската опсервација што ја применува, толку и да ги појасни, барем, стожерните пунктови на сопственото творечко искуство.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Колку луѓе, толку и истории.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По првата прошетка по територијата на стопанството, тој не само што сосема ги заборави предупредувањата на Чана и Митра дека е опасно сам да шета колку на страната на големата река, толку и на страната на каналот, туку следните негови истражувачки походи беа по внатрешноста на Острово во потрага по слатки плодови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко му најпосле, колку со молење толку и со инаетење, го одведе в град и го запиша во едно средно училиште, каде што се изучувуваа нови градски занаети.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За колку сум купил за толку и ќе продадам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повторив затоа што ушните длапки ми беа полни со неговото ситно, крцкаво кикотење. Колку од здодевност, толку и од мрза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А толку и ќе трае, ако некој не ве шутне во г’з, што ние со задоволство го правиме, во оваа успорена компјутерска симулација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За лош човек имаме многу зборови, велам, колкушто има лоши луѓе, толку и лоши зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Човекот колку поостарува, толку и поефтин станува“ , еднаш рече Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)