Од југ им се доближувало топло ветре.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Молчеше и одеше Кијмет, се лизгаше како топло ветре низ сокаците, како ѕуница под облаците, како кордела од тишина, како стаена прашина врз камењата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се раѓа ли навистина во човечко месо змија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Елена! - кликна Денко. - Денко! - меко како шепот на топло ветре прозвучи гласот на девојчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш, о, возљубени читатели, почувствував како некое топло ветре со миризба на босилек и темјан ми ги наполни градите и прилегна на местото, на празнината кај што ми беше срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)