Имено, кога се навршија три години од Бошевото заминување, а од никаде не стигна глас за него и Јанческите одбија, како што ги советуваа некои и како што носи редот Христијански, да му ископаат гроб и да закопаат во гробот нешто што беше негово, колку да се знае дека постоел на земјава и дека останало нешто по него, и згора на тоа во истото тоа време се случи да купат од Салиовци првин нива во Чекутки, а набрзо потоа и ливада и корија во Трн Дабје, на многумина им стана чудно од каде нив толку пари за да купуваат земја и им даде за право да си помислат и да почнат да зборуваат дека Јанчевци точна знаат оти Боше е жив и оти точно знаат кај се најдува, само, зашто така им одговара, кријат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мажите точно знаеја што го предизвикува навалувањето на жените, но знаеја и дека одењето дома, предвреме, крие непријатности во себе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го гледа Лазора од под веѓи и точно знае и што си мисли и што чувствува сега тој, па и жал му е за него и криво му е што токму тој, Лазор Перуноски, неговиот најдоверлив човек, излегол побудала од еден злодеј.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но новата висока група, за разлика од сите нејзини претходнички, не дејствуваше инстинктивно, туку точно знаеше што е потребно за да си ја заштити позицијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му се чинеше дека точно знае како изгледа да се седи во ваква соба, во фотелја покрај запалениот оган во каминот, со стапалата на оградата и со чајник закачен на куката: сосем сам, безбеден, без никој да го посматра, без глас што го следи, без секаков звук освен пиштењето на чајникот и пријателското отчукување на часовникот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Иако сите ја сметаа за налудничава, овој пат точно знаеше каде оди.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Кој? - Рада глумеше изненадување, иако точно знаеше кому му припаѓа овој прекар. - Долгиот!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега точно знам што ќе ѝ изнаречам на жената.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но точно знам дека на ова му претходеше цел еден процес на подготвување на малите првачиња за Големиот Ден.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Точно знам, меѓутоа, што сакам. Ќе излезам и ќе ги престружам басамаците на старата куќа што се качуваат скоро од уличната врата до мојата соба.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Точно знам, меѓутоа што сакам. Ќе излезам и ќе донесам нешто да се почестиме. Шампанското, ја жегнувам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Улогите биле поделени, секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сега точно знам, ако тогаш во некои моменти не сум се внесувала сосема во неговото расположение, дека мислата на моето заминување ја доживуваше како голема опасност, та сега сакаше да се одбрани.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Но, сега, токму затоа лошо се чувствувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Точно знаев што и како треба да ѝ кажам за да си ја постигнам целта. - И успеа – забележа Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да, глас беше и јасно го слушна. Сега точно знаеше на што тој се однесува.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Па ... па, живеат таму зашто се бездомни, - одговорив, но не бев сигурен дали точно знам што тоа би можело да значи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Шампанско, ја жегнувам. Точно знам, меѓутоа, што сакам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Вие не знаете, господин судија што точно знам а што не знам, затоа и сум овде, за да ме прашате.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Би рекол дека е ова, белки првпат во историјата на светот, кога секој точно знае што ќе прави следната ноќ.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
“Јас точно знам кој сте”, ми рече, “и каде работите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Секогаш има хектари сонце и нивно бледеење.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ е секвенца на заборави и отсуства.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сани точно знае на што ќе мисли кога тоа ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)