Нема сомнение дека човекот може смислено да се прашува за односот на речениците во даден јазик и она што тие треба да го означуваат, и не сфаќам зошто ова прашање не би можело да биде генерализирано, така што темелно би ги испитале општите услови на изрекување на можниот факт. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 59 A.C.GRAYLING WITTGENSTEIN’S INFLUENCE (втор дел) Дистинкцијата помеѓу акциденталното, механичкото и интелигентното следење на правила почива врз припишување или одрекување на поседувањето на содржински когнитивни состојби на оние кои ги следат правилата, а тие ни овозможуваат да проговориме за овие практики и за она што нив ги објаснува во рамките на пошироката проблематика на опишување, предвидување и објаснување на интелигентното однесување воопшто.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според тоа, нема ништо загадочно во поглед на нашиот капацитет да ги разбираме правилата онака како што тоа го објаснува вообичаениот интенционалистички модел, бидејќи ова објаснување на расветлувачки начин се поврзува со другите, погенерални објаснувања на нашите способности, особено способноста за препознавање на обрасци, за правење споредби и повлекување дистинкции, за сеќавање, за точно репродуцирање на самите себеси, и за креативно варирање на сопствените практики.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)