Поделбата со точно одредени дати е практично невозможна, бидејќи, како што назначува Лотман, човековата култура е динамичен систем, така што, секој обид да се лоцираат етапите на нејзиниот развој со точно утврдени временски граници е во противречност со нејзината динамичност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во него таа ги услужуваше гостите што доаѓаа во Центарот и сакаа малку да се опуштат под големиот костен пред бифето, но имаше и точно утврдени дневни обврски: секое утро го вареше и го сервираше млекото за појадок на жените, а за службениците на трите стражарски места и за Гоше од осматрачницата напладне подготвуваше топол оброк.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Секој шум во таа летна жега, секој глас, секој извик, се раѓаше со точно утврдена цел: веднаш за да умре, да се распливне, да се изгуби невратно, да не претставува ништо - ни настан, ни новост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)