трагично (прил.) - или (сврз.)

На пример, машката геј-култура и себеси си ја лепи етикетата „мелодраматична“, а не само на оние на кои им се потсмева, со што подметнува стап во спиците од тркалото на општественото обезвреднување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да ја одбиваш културната дихотомија што туѓото страдање го смета или за трагично или за (само) патетично, според степенот на општествена престижност на засегнатите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Втората низа коментатори се смеат на она што нивните стрејт- (или стрејт по однесување) другари го сметаат за само трагично или ужасно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, да се откажеш од секакво право на општествено достоинство значи и претпазливо да ги осуетиш сите туѓи обиди за твое омаловажување и значи да заземеш ироничен став кон сопственото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да знаеш дека болката ти подлежи на исмевање, а пак да не престанеш да ја чувствуваш – и да ја пригрнеш автентичноста како иронично средство за оспорување на туѓото полагање право на сериозност, со што ја предизвикуваш вткајаната логика на општественото обезвреднување која ја тривијализира болката на несериозните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)