тука (прил.) - доаѓа (гл.)

Тука доаѓаат и цел ред други реформи, во кои влегуваат и оние што беа изработени од рускиот и австро-унгарскиот амбасадор во Стамбул и беа примени од Н. И. В. Султанот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не сакавме да го прашаме портирот, дали тука доаѓаат на одмор наши граѓани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, дали тука доаѓаат лете Југословени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука доаѓаме до централната тајна. Како што видовме, мистиката на Партијата, и пред сѐ на Внатрешната партија, зависи од двомислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Курта се тргнува од прозорецот. Тука доаѓаат Кртовица и Малиот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тука доаѓавме сите внуци, десет на број и жените, мојата мајка и двете вујни.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Значи тука доаѓа... - Иднината. Точно Алек.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Киријата му ја плаќам преку некоја негова братучетка, која тука доаѓа да ја земе еднаш месечно – му објаснува Л.А. на патникот меѓу два забиберени залци – Дај ми го палецот да ги го посолам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Куќите градени од делкан камен и над секоја врата табличка која во зимскиот период, кога работи жичарницата и илјадници скијачи тука доаѓаат од цела Грција, нуди соби, разновидни специјалитети од домашната селска кујна, а најмногу повикува на грав и секакви пити.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)