тука (прил.) - ги (зам.)

Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што се надеваа тука ги најдоа Трајко и Кулета, кои веќе ја дооруваа лаката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Пеливарската чешма Јордан застана. Тука ги сретна трите товари барут, испратени од Битола, и почна со неговото распределување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Петок Октомври доаѓам од бесознанието и не замолкнувам здивот ме буди и заспива и не сезасолнувам ангелите се тука ги прегрнувам Сабота Октомври Ноќта ја краде тишината од мене.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тоа се спомени на различни поредоци: 202 okno.mk тие се нарекуваат виртуални слики по тоа што нивната брзина или нивната краткотија тука ги одржуваат под начелото на инконзистентност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во филмот се претставени 92 главни личности, но тука ги има многу okno.mk | Margina #8-9 [1994] 59 повеќе, покрај стотици настани и поединости.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа беше студено, нечисто, полно суви лисја што тука ги нанел ветар уште минатиот месец.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тука ги затече разденувањето, со темницата и облаците се повлекоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
(Отворено ми ги навел целото име и електронската адреса, но тука ги прикривам, од обѕири кон него.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нови автобуси до тука ги довезуваат студентите и ги враќаат во центарот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Името на градот во нивното паметење е сочувано како Бурели не толку поради тоа што тука ги одболија првите денови по тешкиот и крвав пораз, туку најмногу по случувањата што тука се одвиваа и кои во нивните спомени врежаа најдлабока и најболна трага.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако не си ги нашол во Герман, барај ги во П`пли, ако тука ги немало, барај ги во Штрково или во Нивици, ако ги немало во Нивици, барај ги во Граждено...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Комбе до комбе, мерцедес до мерцедес и коли со грчки таблички чии сопственици тука ги викаат Јоргос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На гола земја, засмрдена од нечистотиите што тука ги исфрлуваа морските бранови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некој тука ги влече, да вознемируваат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Потем доаѓале продуцентите од Холивуд и тука ги снимале филмовите за Дејвид Крокет и пиратите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тоа навистина беше големата машина на Времето, ова поткровје, тој го знаеше тоа, го чувствуваше, беше сигурен во тоа, и ако тука ги допрете призмите, онде кваките, хармонските кристали, ако ја завителите правта тогаш, тогаш!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)