Раката на човековиот творец тука го имаше потврдено својот вез, врз нејзиното лице.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со години гледавме сам како се искачува по ридот, Застануваше пред ѕидиштата во кои можеше да се препознае Некогашна тврдина и тука го минуваше денот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Баш ќе му кажам на Кит, си викам, дека и тука го бие добар глас.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Потоа им кажувам дека вчера тука го донесовме тој и тој, а тој е во болница, оној прилегнал и ретко станува од кревет, а другите се здрави.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во партизани честопати го сонувале, а тука го има без ограничување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Им ги чувам и спомените и сеќавањата на друзите, на кои кога некојпат ќе дојдат, ќе им ги давам, за да си вратат дел од животот што тука го оставиле.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Општеше само со рацете, а својата работа ја засака како ниеднаш дотогаш. Тука го запозна и него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега одиме на спиење Јана тука го прекина разговорот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И тука го дочекува часот кога стариот ќе му заповеда да ги залости ќепенците. Молчејќи се упатуваат дома.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тука го затече Андон; тој беше тргнал по него, да се доразберат, да ја повторат спогодбата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Денешната ширум светот застапена расправа за Модерната токму тука го наоѓа своето исходиште.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од тој ден Богуле прекина да ја бара Злата и се затвори на таванот и сето време тука го проведуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А Рајата, речиси, тука го гледаше својот продолжеток.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се изградиле нови келии за испосници кои тука го проведувале испосничкиот живот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Нумо не е падавичар. Тука го доведоа неодамна. Заради казна, велат го сместија меѓу падавичарите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Татко ти велеше: "Васј, сè уште не измислиле таков компас што ќе реагира на секој наш грешен збор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ете, тука го наоѓам одговорот на прашањето зошто дед Павел за да излезе од лавиринтот на својата надеж не ја користеше разумноста".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А мостовите се правеа на најтешки места: в планина; тука работевме, тука живеевме, тука го поминувавме слободното време шетајќи низ шумата како дивеч; ниту се бричевме, ниту се стрижевме; господе, само умот да ни го додржиш, си велевме со Анастаса.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го бараа во куќата: по соби, по керали, по тавани, по дупките од ѕидовите, но никаде го немаше; го бараа во колибата, во шеварот, во трските, во плитката и длабоката вода, но и тука го немаше; го бараа во шумата, во планината, по дрвјата, по листовниците, по пештерите, но и тука го немаше; го бараа по падините, по ниските и високите тревје, по билките и растенијата, но и тука го немаше; го бараа по дупките од сите ливоти и животни, но и тука го немаше; прашуваа луѓе од други села, од други места, прашуваа до кај што некој ќе стасаше, но никаде го немаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Самата девалвација на зборот „говор“, она што ја издава малодушноста на речникот, искушението на ефтиното заведување, пасивното препуштање на модата, свеста за авангардата, т.е. незнаењето, сето тоа претставува сведоштво.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не се сеќавам на целата точка, но беше многу духовита.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За овој свет кој ќе дојде и за она што во него ќе ги натера да затреперат вредностите на знакот, на зборот и писмото, за она што тука го води нашиот futur antérieur, сѐ уште не постои мото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Е, тој говор тука го дрмнува и тоа е меурест, густ и застоен звук кој дури и мириса”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бог не сака да ме сретне, прориците тука го следат само Израила, а јас, и без народ и без земја, што барам јас во оваа пустина?
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Стигна до Превалот. Тука го застана патрола.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бидејќи Петре тука го прекина своето зборување и не продолжуваше, дедо ми го праша: - Ама што зборуваш ти?
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Јас тебе плати цаса по глава“ му рече таа така јазично искажуваајќи го повече своето италијанско потекло одошто англо-американката натурализација, но сепак не налутено зашто имаше нешто успокојувачко во тоа што до тука го чу иако гореше од љубопитство да го дознае остатокот од прикаската.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Него уште тука го запретавме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)