Тој и неговиот тим може да се најдат тука во текот на неделата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 155 Херман е советник во илегалниот но од Владата одобрен Safe House Project во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Лобо: Најозбилно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можеме тука во кадата, на шољата, во спалната...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Коските на првиот македонски председател Никола Карев, долги години лежеа тука во Рајчани.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дојден е тука во природата, на чист воздух, на прошетка и еве седнал да руча.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
- Тоа е ваша работа, - додаде Ѓорче Петров.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Имаме еден пријател и роднина тука во затворов. Сакаме да го видиме и да го посетиме...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Си реков, веројатно е тука во Охрид, па да се видиме!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Размислуваш брзо. Всушност не мислиш, туку се претвораш во робот и само механички функционираш.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дури и тука во игра е уметничката демонстрација (значи расклопување, инсценирање и естетизација) на нови научни начела, со тоа што во примерот на медиските уметнички дела преминуваме кон најновите научни парадигми.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еден ден ме собраа и мене, како и сите вас, тука во Сајмиштево.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така го собраа и семејството на Алегра, токму во време кога во градот почнаа диверзии.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
— Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Главно е, море, сега да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му — се искажа Трајко и уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја има тука во миризбата на неодамнешната смрт, неверојатниот кисел вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Минуваа крај баба Севда, ја поздравуваа и ја прашуваа што прави тука во ова ниедно време, ѝ велеа да си оди дома, ама поминуваа и заминуваа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Веднаш кога тоа ќе се расчуе, тука во Брезница брзо ќе дојде некој богат Американец да отвори гемблинг хаус...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Кога ни се здодеа таа игра, почнавме да тропаме слама, што беше растурена тука во текот на зимата.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Не знам дали бевте стигнати уште овде, каде се најде во тој снег; од нивата на Коста Зидовски се зададе со трчање една мачка црна! и само за еден чекор препомина пред нас — не замина, и влезе во трњето од нивата... а (на Котета) твоја! (Сите се преплашени и очите им играат, додека Мара ја опфаќа страв и затоа тука гледа во Пандета, тука во Митрета.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Да, по пат и на други и на овие патишта тука во Прењес многу ни умреа и сакаме да знаеме каде се погребани.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Секој што бил тука во тоа лошо време, има своја приказна.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Паметам и места каде се воделе борби од каде ги прифаќавме и ги лекувавме тука во Корча.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А тука во бараки и во долги ѕидани магазини и коњушници, црневица од народ.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И така се изгубивме што успеавме да дотераме од дома до тука во Прењес.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не знам дали тука во Перењас ќе најдете некој кој знае за такви гробишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И таму во земјите на народната демократија и тука во Идризово.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ама не сум слушнал дека тука во Перењас имало ваши луѓе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа донесе албуми со слики правени пред војните и слики во бои правени по војните и по востанието, така го нарече паѓањето на Енвер Хоџа, слики правени и тука во Врбник и таму во Америка со синот и снаата, со внуците и со блиските и подалечните роднини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И одеднаш ми текна. Па, да. Во тие времиња наш пријател престојувал тука во Прењес и пред заминување го посетивме и му кажавме каде ќе одиме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А можеби е сосема случајно, бидејќи тука во овој крај живее.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тогаш да направиме вака: да не ја матиме многу водата, да ја викнеме да си дојде дома ти и тука в куќи ќе те венчавам на брза рака.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И никако не можев да се вратам назад во сопствената кожа иако убаво ја гледав како стои збрчкана тука во автобусот на само еден мрзлив дофат на раката.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И сиот е тука во засебна светлост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој беше пак тука во бучните солунски кафеани, тајни квартири, се весели во ресторанот Алхамбра, и штуро им ракоплеска на шансонерките од Пиколомини.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо има само една желба - да остане тука во мир и заборав.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Свирна музиката, се стрчаа сите по басамаците, нозе искршија да се фатат на оро и така, по влечки, кој како се нашол, тука во правта најбрзите ора ги изрипаа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И после, тука во прашање сум јас а не кој и да е раетин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првите јажици ги правеа тука во дворовите, на бунарите, и на набодни ги пренесуваа на нивите каде што жнееја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа зашто никаде тука во близина, ни на местото што христијаните од Потковицата го одредија уште кога населбата нарасна, излезе од Дупка и се завкачи по падините на Станкоски Рид, и никаде на друго место во Потковицата нема подигнато црква ниту некој друг знак што да укажува дека на тие простори живеат христијани, или дека, воопшто, живеат луѓе, од бога дадени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Беа сите тука во некоја фрка ситуација.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Доволно крв се пролеа.... ох, за жал, јас сега морам да кинисам, ама се надевам дека еве, со Костадин заедно ќе најдиме можност денојве да седниме на по едно вино и муабет тука во ’Корзо’“.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тука во Америка сѐ така функционира.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Само ако погледни човек што ни се случува нам, тука во Битола, каков пад во последниве 20тина години од времето на балканските војни, па светската војна која ги зовре европските мозоци!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тука во Лондон, огромна маса луѓе никогаш немале доволно храна, од раѓање до смрт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Цела недела додека попушти студот лежеа тука во ковчеѕите како заспани, како блсамирани.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бино му одврати со две три и тука во „грчкиот" ан натепа еден „грчки" даскал.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да останат вечно спомените тешки за војвода тука што остави снага, за честа што тука во часови жешки бој водеше страшен за слобода драга.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Знаете, тука во близината има неколку кафези со мачки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Elle va revenir bientôt? – ме праша басот. - Dans ume demi-hêure.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Иако проѕирна, вратата беше цврсто затворана.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- ...пиши... (тука во неговиот ехо-одговор, заеднички се вмеша плачот на петте бебиња, а мене ми прелета мислата на Берлиоз „Времето е голем учител, но за жал ги убива своите ученици“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мислиме, тој е некаде тука во нашето навидум безбедно сеќавање.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Најмногу комитствувал тука во Брезничкото, зашто го знаеше секое дрво на Пелистер и секој човек од Брезница и од неколку села од околу.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И сè се одвива тука во центарот, во него ништото се збило... каде што тешко може да се контролира поаѓањето на тој подгон: „Секој нов живот е нова ѕвезда, сонце во церството свое...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Тетратките ги купија со мама во книжарницата на „Просветно дело“, тука во населбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А знаеш ли ти од кога ние тука во нашите места и ширум Македонијата еден со друг си ги ваѓаме очите?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Нас, братче, тука во овие ровови и бункери се знае што не чека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А тука во Преспа, е тивко во заодот на сонцето, во чии румени воздишки одблеснува штотуку смирената вода...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И немој многу да зборуваш зашто тука во планињето и дрвјата и камењата имаат уши.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Општо повлекување на сите единици. Насока - селото Смрдеш, планината Врба, Превалот и од тука во две насоки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако во Париз бев растргана и едвај успевав да стигнам секаде-одење на часеви по француски јазик во Алиансата, брзање низ ходниците на метрото да стигнам на време за да се грижам за Патрик, одење во паркот со него, читање на литература за претстоечките испити на факултетот, тука во Бретања уживав во летото со сите негови убавини.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Кога Салвадор Дали доаѓаше тука во шеесетите, тој мислеше дека ние ги правевме работите што тој веќе ги направил.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Така не знаат луѓето и тука во Брезница и секаде по местата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зошто тука во варницата тие живеења како во касарна, со право на слободно време.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
А Едо Сврделот, преку тој Ѓунијата и еден Влав, еден Митко Кривашија, беше веќе поврзан со партизаните, со комитетот тука во градот и го имаа одговорен за тоа што тие го викаа Црвена помош.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Главно него го поставија тука во дворот на училиштето, веднаш зад земјанката, над висот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш Едо престана да прави бељи тука во градот, ама не поминало многу време и ќе чуевме оти што во некое село некому му го испразниле амбарот, во друго село ноќе некому лозјето му го обрале, коњи се украле, пари се украле...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
До септември... Ќе живее тука во одајчето над гаражата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој стаса и тука во Битола да се поврзе со еден од поштата, едне Јашарот го викаа, еден никаквец што им ги отвораше приватните писма на луѓето за да не најде пари во нив и едно женкариште до зла бога, кој секој ден со камионче патуваше до Струга и назад, ја носеше поштата меѓу „нашите“ две држави демек префрлаше преку граница од Бугарија во Италија или Албанија, кој ќе знае која држава беше таму и назад.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Како сенка изгледаше завалијата кога се појави тука во Брезница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зар заинтересираните големи сили немаат свои органи и информатори тука во Турција, пак ќе се информираат од задграничните претставници на ВМРО, и тоа во Софија, која - со право или не - се сомничи дека ги поттикнува сите востанички и други акции во Македонија?“198.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)