Засекот што му ја претставуваше устата туку се отвораше и затвораше и сигурно тогаш ги пребројуваше купчињата или сламариците или огновите што везден тлееја, и пред да го пуштеа прстите од решетката ќе слушнеа како прашува Борис Биџов, тука ли е? Тука е! му велеа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
О, бабо, тука ли се нашите пилиња?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Мамо, мамо! - се развика Милка уште од вратата. - Тука ли си?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И тука ме најде? (Пауза) А? (Пауза) И тука ли ме најде (Пауза) Излегувај! (Пауза) Излегувај одовде?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Почна да трча од одделение до одделение, да душка како загар, проклет да бидам, како загар, да се загледува во секое лице со таков израз како да препрашува: - Ти, скоте, тука ли си, во стројот, !
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тогаш тој пак тропна и викна: - Домаќине, тука ли си? Отвори, ти иде мил гостин!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)