Во овој контекст, се чини умесно да го споменеме и примерот на неговиот непосредно претпоставен раководител, кој исто така покренуваше спорови кон Министерството како работодавачот за слични причини, бидејќи – поради непрофесионалниот однос на правната служба – практично немаше начин споровите да се решат спогодбено и по мирен пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред поднесување на тужбите тој не разговара со надлежните т.е. со неговите претпоставени, за спорот да се реши вонсудски – бидејќи увиде дека веќе има „премолчена“ пракса на иницирање и добивање на судските спорови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Интервјуто го водеше Сашо Карапанчев, на 19.IV.2011, во Скопје. Архивскиот број под кој е заведен предметот во Основниот суд Скопје II – Скопје е: VII П.бр.1680/97.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Бидејќи оваа јавна исправа веќе не постои во нашиот правен 190 систем – се чини умесно да потсетиме дека во поглед на работната книшка, со донесувањето на вториот ЗРО (1993) во „транзицијата“ се избришаа две мошне добри одредби од поранешниот прв транзициски ЗРО (1990): прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, во овој контекст, би било умесно да ги споменеме и новите одредби коишто, за прв пат, предвидуваат обврска за чување на деловна тајна од страна на работникот (т.н. забрана на „инасајдерство“ – чл. 35, ЗРО/05); како и забрана за конкурентско дејствување, која може да се јави во два вида: како законска забрана (т.н.„конкурентска забрана“ – чл. 36, ЗРО/05) и како договорна забрана (т.н. „конкурентска клаузула“ – чл. 37-39, ЗРО/05); в) договор за дополнително работење кај друг работодавач (т.н. „дополнителна дејност“) – кој, за разлика од претходниот, го склучува работник кој работи со полно, а не со скратено работно време, со друг работодавач.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)