Ја пропушти крај себе таа што немаше зрела ’рж во косите и ме поведе кон постелата уште топла од долга навика бавно и упорно да се милува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само мајките можат толку упорно да пребаруваат, да се сомневаат во сѐ, да поверуваат во сѐ. Само ние.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)