И уште вака ми сечи умот. Денес ако решат да ги иселат, утре можат да решат да ги доселат, значи да ги вратат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но умирачката, оче, има свој есап: половина лице ми е истинато и скаменето, утре можам да се вкочанам до ножните прсти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ти утре можеш да се прежениш, а мене сестра ми не ми раѓа веќе друга.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тешко говорам, оче Доситеј. Пред неколку дни, погледни, во устава ми жугнаа нови заби и почна моето второ детство како некогаш, кога имав шеснаесет години, што почна староста на мојата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Денес, утре можат да стигнат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Телефон ако сака утре може да има...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Утре ќе бидам претпазлив. Утре може да е доцна.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)