1. Една вечер, додека сѐ уште живеев на Големата Улица во Монро, ми дојде во посета Изаму Ногучи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Прозорците немаа ниту завеси ниту било каква заштита.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Играчите тоа го докажуваат: потоа, зад сцената, ми кажуваат кои приказни најмногу им се допаднале. Kако да поминеш, удриш, паднеш и потрчаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Па и до ден денешен, велат, уште живее во тоа поле, сам, заборавен од сите, и презрен од сите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Камилски живна, стана од своето место, го поклопи големиот речник пред себе и рече: Во право си, пријателе, животот останува првата и последна проверка за вистината...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе ги оставиме речниците. Ќе излеземе во стариот дел на градот, по тврдината, во старата чаршија да видиме дали уште живеат османските заемки!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа беше време на интензивно дружење со двајца андерграунд поети, Поп Дучев и Ванчо Ѓошевски - Irfante кој сѐ уште живее во Берлин - место каде заврши последната европска војна и од каде почна реално да се распаѓа комунизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ако требаше, на пример, да оди во бавчите од татко му кон охридското џаде, пред да оди таму тој небаре веќе беше стасан во бавчите и береше јаболка, а и кога ќе се отклонеше назад, тој сѐ уште живееше со сѐ што погледот му беше насобрал оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Помалиот брат на татко ни, кој сѐ уште живее во Берлин.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Повеќе нема браќа. Има само брат.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
За да остават спомен за тој важен и радосен момент, го посадиле ова дрво, кое и до ден-денес, еве, сѐ уште живее. . .
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
2 Овде на овој трем под лозницава завиткана во влажни ветрови во сенката на тешкиот рид што паѓала по нејзините раце, по ставата, овде сѐ уште живее сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Еве, најпосле се качив, за да се родам со тебе, брате. Со свои очи, оперирани од перде, трипати миени и шестпати протриени, видов: мртвото кралство уште живее.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Заминуваш.
Пред да се појави светлината
насетуваш и чувствуваш
некоја неодолима
не-човечка топлина
се вселува во светот во којшто
сѐ уште живееш
и ти.
Потем светлината сама
ти ги отвора очите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)