Таму, горе, по белината на скаменетиот снег, по која што се распознаваа траговите од јазиците на ветерот, почнуваше да зацарува некое волшебно усвитување, и тој знаеше дека тоа го носи оној сега сосема неразбиен бран на виделината, што продолжуваше да надоаѓа од зад планините, додека во сенките под него сѐ уште лебдеше густата модрина на ноќта.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, побрза да излезе додека во воздухот сѐ уште лебдеше таа реченица.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А во воздухот сѐ уште лебди подадената рака со дланката во окрвавениот завој и вика - довикува, та пека: - Дојди... дојди.... дојди... мајкооо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)