ЛЕВИОТ и ДЕСНИОТ свет, Источна Европа и Соединетите Американски држави, започнаа да експериментираат со два различни света и две времиња, кои, како резултат на фундаменталните разлики во нивните појдовни основи, фатално го трансформираа дотогаш сé уште униформното лингвистичко јадро на МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)