Како и мнозинството и тие слегнаа со рамениците на таа глупост, и цврсто стоеја на брегот за да не бидат од Судбината турнати во неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И во таквите мигови, кога ослободена од железните рамки на предрасудите ќе се почувствував поинаква, а сепак длабоко во себе своја, со најсвое јас, се спознавав: бев Ема единствена и неделива, туѓа и одвратна за оние што не можеа да ме разберат.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бев распната меѓу две крајности, иако тие не беа тоа, и јас не ги чувствував како такви, и во миговите кога цврсто стоев на тлото, кога бев целосно свесна за себе, кога јас бев јас, но и кога ќе се обидев да се ослободам од сето тоа и од барем дел од себе како таква, кога ќе се обидев да го отфрлам сето тоа како здодевна и непотребна приказна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Тоа не е точно, - се побунив јас. – Гледај ја твојата куќа како цврсто стои.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Затоа тој цврсто стоел на ставот, Британија непоколебливо да застане во заштита на грчките интереси.366 Притисокот на Сарџент вродил со плод.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)