И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добредојде, Толе, добредојде, пашо! Откаде на моата куќа волкава чест? — се поздрави Трајко со Толета, му ја стисна цврсто раката и Толе ја осети целата негова сила.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На крајот, другарот Чапаев, стегајќи му ја цврсто раката, рече: - Ви посакувам среќа во работата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Куле го прегрна и го избакна Мирчета, Андон му ја стискаше цврсто раката и го убедуваше дека децата и жената тристапати поарно ќе живеат отколку да седи дома и да аргатува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)