Ги нагласува типично мачоистичкиот неслух на каубојот за иронија, неговото целосно немање свест за можната двојност на неговиот говор; открива колку упадливо нема дух (што е и недостаток и, барем за да биде бучот привлечен, крунска доблест); ги вкрстува, на класичен камповски начин, кодовите на мажественоста и на женственоста231 (спореди со апокрифната приказна за тоа како за време на една литургија Талула Бенкхед му спуштила на некој свештеник кој го нишал кандилото: „Срцка, мантиичево ти го обожавам, ама чантичево ти е џиш“); ја разбива атмосферата на мажествена сериозност околу стрејтерската машка атлетска изведба и нејзината еротска привлечност за геј- мажите; сведочи за неспособноста на кампот дури и да си замисли машки свет во кој ќе живеат исклучиво „нормални“ мажи; ја изместува насоката на разговорот од здодевно, неиронично мажествена кон иронично женствена; го спушта каубојот преправајќи се дека божем го побркал со заиграна дрег-кралица, а тоа значи дека го става неколку скалила подолу на лествицата на сексуалната престижност од онаа на којашто навистина се наоѓа; но и имплицитно ги кара другите присутни мажи што толку сериозно го сфаќаат Каубојот, а сепак не прават ништо за да ја сменат привлечноста поради која и понатаму е предмет на нивното еротско интересирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Емори, кампот, му враќа: „не се носат петици кога се креваш на бицепси“.230
Шегава има голем општествен и културен полнеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)